Што им пречи поскапа струја кога не се бањаат: ,,Сдсмовец” со хигиенска навреда за ,,Вмровците” (ТВИТ НА ДЕНОТ)

По критиките во јавноста за најавите дека струјата може да поскапи и над 40 % еден од најактивните членови на СДСМ на Твитер со напад на хигиенска основа кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ.



Младиот функционер на подмладокот на СДСМ Воислав Николовски вели дека на членовите на ВМРО-ДПМНЕ не треба да им е важно ако плаќаат поскапа струја затоа што не се бањаат.

,,Што им менува поскапувањето на струјата на ВМРАните? И така се небањати бојлер не уклучуваат 🙄”, пишува Попоски кој во твитот не дава сигнал дека се шегува.

Попоски предходно стана предмет на критики на јавноста кога ги нападна ракометните репрезентативци Лазаров и Стоилов затоа што користат само Македонија без Северна.

Фото: Фејсбук профил на В.П.