На новинарско прашање околу тоа дека електричната енергија поскапува за речиси 38%, министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека целосно стои зад изјавата дека поскапувањето на струјата нема да биде повисоко од 10 проценти.
„За првите шест месеци дадов изјава и стојам целосно зад таа изјава“, порача Бектеши.
Право на компаниите е, не само 100%, туку и 2.000% да бараат, но само Регулаторната комисија за енергетија ја носи конечната одлука, вели министерот
„Финалната цена за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јануари до средина на следната година, кога треба и да се донесе нова одлука, нема да биде повеќе од 10%, како што покажуваат сите анализи, проекциите и од разни експерти и партии чии проекции изнесуваа над 30, 40 и 50%“, истакна Бектеши.






