Јашари: Кучињата лајат, а карванот на Македонија не врви, кон селската Европа

„Главното прашање што ни се наметнува и кое сè уште не го анализираме како што треба е: ако Македонија има сложени проблеми со соседите во врска со културното наследство, тогаш зошто не и се отвора патот на Албанија? Другото прашање е: дали е проблем за Европа примањето во својот круг на земјите од Западниот Балкан со мнозинско муслиманско население?“ – прашува д-р Хасан Јашари, професор на Факултетот за социологија на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна за „градската и селската Европа“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „ин7“ со наслов „Јашари: Отворањето на преговорите – стара и заморувачка песна“.

Јашари пишува: „Земјите-членки на ЕУ во своите заклучоци повторија дека ‘Советот со нетрпение очекува да ја одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Македонија колку побргу ќе биде можно, по усвојувањето на преговарачката рамка од страна на Советот“. Овој рефрен стана здодевен и премногу иритирачки. Политичарите ја анализираат како поезија изреката дека овој политичар, или оваа земја им дале поддршка на Македонија, или на Албанија за отворање на преговорите, за патот кон Европа… Само така ја завршуваат нивната агенда. Извештаите од разговорите на дипломатите вообичаено ја имаат како заклучок оваа листа на желби. Но, кучињата лајат, а карванот не врви.“

„Мораме внимателно да ги читаме работите. Пред неколку години францускиот претседател Емануел Макрон фрли ‘камен на патот’ (НЕ за проширувањето на ЕУ…). Значи, нова методологија за прием на нови земји во ЕУ. Оваа методологија траеше неколку години и не беше соодветно разбрана од балканските политичари, кои предоцна ги сфаќаат работите. Но, ова не е проблемот. Проблемот се наоѓа во она што се шпекулира со години: дека земјите од Западен Балкан, кога ќе бидат примени, треба да имаат посебен статус, кој ќе се разликува од другите земји-членки на ЕУ, значи да имаат статус со понизок ранг. Со други зборови, да бидат една селска Европа. “

„Некои работи треба да ги препрочитаме подлабоко и да не го измамуваме населението, да немаме илузии дека овие работи ќе завршат лесно и како што сакаме и замислуваме.“ – заклучува Јашари во својата колумна.