Од 16 декември годинава до 31 март 2022 година ќе трае рокот на мораториумот на цената на струјата и парното, предложи Комисијата за енергетика на вонредна седница на бугарскиот парламент.
Претходно пратениците во пленарната сала го одобрија предлогот на ГЕРБ, според кој цените за потрошувачите од домаќинствата треба да останат на ниво од 1 јануари 2021 година.
За предлогот гласале 186 пратеници, двајца биле против и други двајца воздржани.






