Инспекциски удар за IQOS, и оваа страст стана нелегална во затворен простор

Од пред неколку денови во голем дел од скопските кафулиња и ресторани забрането е гостите да пушат електронски iqos цигари. Се работи за има л ментација на стара регулатива која досега се толерираше но веќе нема да биде легално да се консумира во затворениот дел од угостителските објекти.



Доследната примена на законот доаѓа по барање на државните инспекции кои го контролираат спроведувањето на Законот за заштита од пушење, објавува Скопје Инфо.

Според информациите до кои дојде порталот инспекторите од пред неколку дена почнале да го контролираат спроведувањето на законот, особено во делот на електронските цигари кои се продаваат на пазарот. За непочитувачите на законите веќе се изречени парични санкции, а засилување на контролите е најавено за предновогодишните празници.

„Во еден од локалите каде често излегувам и каде до сега било дозволено да се пуши iqos од пред неколку денови ми кажаа дека овие цигари се забранети да се пушат во нивниот затворен дел. Ќе размислам дали ќе продолжам да пушам iqos, бидејќи тие ми беа алтернатива за да не мрзнам на терасите во кафулињата и рестораните„, раскажува Марија Б. од Скопје за Скопје инфо.

Пред три години во сообранието беше изгласан закон со кој пушењето беше дозволено само на терасите, но угостителите преќутно дозволуваа во затворените простории да се пушат електронски цигари кои според производителите се подобра алтернатива на обичните цигари, но без чад, пепел и непријатни мириси, пишува порталот.