Да се потсетиме денеска на тоа што е народна поговорка (да се чудиш македонска е, ама може и да е бугарска – обаче, ако тоа се утврди следните 6 месеци).



(1) Збор на денот: магаре или магариња.Именка, среден род- Домашно товарно животно, слично но помало од коњ, со долги уши.- Тврдоглав, неразбран човек.

(2) Изрази кои ни се толку познати од нашите нефашистички баби и дедовци.- Магарето го викаат на свадба да носи вода – не го почитуваат, не е во ист ранг со останатите.-

„Не умри магаре до зелена трева – залудно се надева на нешто, или, тоа се овие 6 месеци кои ги гледате како „ново сонце на слободата“.

Морковите ги изедовме, стаповите ги осетивме, белезите се трајни – сега уште ушите да ни допораснат и да сфатиме дека „Не умри магаре до зелена трева“ има длабоко филизофско и јасно значење и дека додека не разбереме дека треба сами да си ја најдеме тревата, не само што ќе останеме гладен, туку и ќе пцојсаме (пцовисаме за вас што не сте од Западна Македонија), објави новинарката Жанета Трајкоска Фејбук.

Секако, овој процес предвидува и дека залудно, наивно и очајно ќе се надеваш дека слатките зборови ОВОЈПАТ не се лага и дека ОВОЈПАТ нема да останеш гладен и на умирање.

Јаки магариња сме ние, трпиме и издржуваме. Уште да сме спремни да ја земеме предвид и опцијата оти следните 6 месеци бугарско „пријателство“ се само купување време и прераспределба на силите по кои ние ќе излеземе лошите магаренца.

За толку кратко време „преговарање“ може само да се запознаеме со Бугарите – оти овие соседи веројатно и никогаш не сме ги познаеле или пак, не сме сакале вистински да ги видиме.