Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Румен Александров, вели дека Бугарија не може да ја одобри нацрт преговарачката рамка, ниту да определи краен рок за свикување на првата меѓувладина конференција со Македонија, објави бугарски „24 Часа“.
Причината е што Скоопје не ги исполнети барањата од националната рамковна позиција, поддржана од Декларацијата на бугарското Народно собрание.
„На инсистирање на Бугарија, Советот потврди дека целосното спроведување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година е дел од процесот на пристапување“, изјавил Александров.
Истовремено, Бугарија потврди дека поддржува консензус за почеток на преговори со Албанија.







