Косовската амбасада во Скопје преку МНР испратила барање да се дозволи нпосета на осудените терористи од „Диво насеље“.
„Телма“ дознава дека барањето веќе стигнало до Министерството за правда и до Управата за извршување на санкции и истото содржи список од 17 осуденици кои се државјани на Косово и се уапсени на 9-ти мај 2015-та година.
Барањето, според телевизијата, било со ознака итно, а се споменуваат два можни термини – 17- ти декември (петок) или 20- ти декември (понеделник).
Посетата на косовскиот заменик министер за правда на Блерим Салаху на Скопје минатата недела беше откажана. Тој требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата.
Амбасадата бара токму Салаху да ги посети осудениците.







