Во својата најнова колумна за Скопско Ехо Никола Тасев со наслов ,,Изгубени го лавиринтот на надлежните” објаснува зошто ,,Македонија губи”.

,,Да реши човек да започне бизнис во Македонија, треба да се препоти. Не за идеи или за пари да најде, туку прво за да најде каде и од кого во државата да бара дозволи за започнување на конкретниот бизнис. Просто факултет да завршиш е полесно, отколку да најдеш кому треба да се обратиш. Ќе си речете тоа е поради неинформираност на човекот… Да, ама и самите државни институции често немаат одговор кој за што е надлежен. Па те шетааат од врата на врата, од институција до институција за два – три документа. Лавиринт на надлежните!
Спасот од ова е кога јасно и прецизно ќе се знаат надлежностите на државните органи! Кога за префрлање на едно нивче нема да те шетаат по сто шалтери или кога за вадење на некоја дозвола нема чекаш со месеци, затоа што институциите не знаат кој се треба да стави потпис и печат”, пишува Тасев.
За да ги објасни состојбите во македонските институционални лавиринти Тасев ги анализира двата случаи во кои живи изгореа 60 луѓе, Тетовската Ковид модуларна болница и сообраќајката во Бугарија.
Целата колумна на овој ЛИНК






