Автомобил со српски регистарски таблички влетал во куќа во Унгарија, откако возачот претходно одбил да застане поради полициска контрола.



Во несреќата загинале 7 мигранти кои илегално ги превезувал, а чртворица се повредени.

Возачот забележал дека полицијата ги проверува возилата во селото Морахалом во близина на српската граница, се обидел да ја избегне со зголемување на брзината, соопшти полицијата притоа удрил во куќата и се превртел.

Полицијата соопшти дека возачот, кој, исто така, е повреден, бил приведен и против него ќе биде покрената кривична постапка за криумчарење луѓе и предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.