Иако премиерот Заев ги одби сите покани за интервју на ТВ Алфа неделникот Фокус близок на СДСМ ја напаѓа градоначалничката на Скопје Арсовска и го фали премиерот дека бил достапен за новинарите.
Во контекст на достапноста на Заев се споменува и скандалот во кој Заев мислејќи дека разговара со шефот на НАТО и шеф на држава разговараше со пранкери.
,,Премиерот и лидер на СДСМ во оставка, Зоран Заев, по неговото заминување од владата и раководното место на партијата, ќе остане запаметен како еден од ретките премиери на политичар, со кого секој може да стапи во контакт, а особено новинарите.
Тој речиси цел час разговараше со руските пранкери, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг”, пишува Фокус во текстот во кој се фали премиерот во заминување.






