Книгата е пред исчезнување Македонија, Недозволив е малиот бројот на книжарници во земјава

Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците започнуваат акција за сочувување, заживување и осовременување на постоечките малубројни книжарници и отворање нови книжарници, а за тоа бараат и поддршка од државата.



-Со овој јавен апел до Министерството за култура и Владата сакаме да укажеме дека економската криза и условите на пандемијата мошне сериозно ги погодија издавачките куќи, печатниците и книжарниците во земјава. Притоа, посебно беа погодени и се уште се наоѓаат во незавидна ситуација книжарниците кои во голем број се затворија, а тие што останаа одвај опстојуваат и се наоѓаат во ситуација пред целосно затворање, неработење и исчезнување. Затоа, бараме Министерството за култура и Владата посебно да се погрижи за книжарниците и книжарите, зашто книжарството кај нас со години беше во криза, преживуваше и не се развиваше и напредуваше (со ретки исклучоци кога материјалната поддршка беше добиена од државни извори), па сега книжарниците се наоѓаат во катастрофална положба, пред колапс и трајно бришење од регистарот на трговски фирми и мапата на стопански субјекти – се вели во денешното соопштение од Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците.
Недозволиво е, велат, во голем број градови да нема ниту една книжарница, или да има само една, а најмногу две, но и тие не продаваат книги и други изданија, туку само училишен прибор, канцелариски материјали и други најразлични ситници меѓу кои најчесто играчки, па дури и тоалетна хартија.