Бројот на починати од СОВИД-19 од почетокот на пандемијата во Соединетите Држави, надмина 800.000 луѓе, додека земјата се подготвува за потенцијално зголемување на бројот на заразени, пренесува Ројтерс.
Причините за зголемувањето на бројот на заболени се тоа што во текот на зимата повеќе време се поминува во затворени простории, температурите се пониски, а се јавува и варијантата „Омикрон“.
Бројот на загинати од СОВИД-19 во Соединетите држави е веќе поголем отколку населението на сојузната држава Северна Дакота.
Иако вакцините се бесплатни и широко достапни, оваа година во земјата починаа повеќе луѓе отколку во 2020 година поради позаразната верзија на „Делта“ и фактот дека има луѓе кои одбиваат да се вакцинираат.







