Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека не сака да шпекулира дали ќе биде на чело МВР новата влада. За тоа, вели, ќе одлучи новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој треба да биде и мандатар за состав на новата влада.



„Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции“, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Пробиштип.