Бугарскиот парламент на денешната вонредна седница треба да ја избере новата редовна влада на Бугарија, предводена од Кирил Петков.
Бугарскиот претседател Румен Радев вчера му го врачи мандатот на кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, а тој веднаш му ја достави папката со имињата на идните министри во ткн. „Кабинет Петков“.
Еден час подоцна беше свикана вонредна седница за денес во 13 часот.
Коалицијата „Продолжуваме со промените”, „Бугарската социјалистичка партија”, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија“ има повеќе од потребните 121 глас во 240-члениот парламент на Бугарија, односно 134 што е гарант дека нема да има проблем во одобрувањето на Владата, по 9 месеци и три парламентарни избори годинава.
Најголемата опозициска партија, ГЕРБ на Бојко Борисов, се изјасни дека нема да ја поддржи 4-партитната влада.
Ова ќе биде 21 влада од 1990 година, а владата на премиерот Кирил Петков ја сочинуваат 21 министер, меѓу кои и пет вицепремиери.







