Тенденцијата да се остане вечно млад, можеби не е толку тешко да се постигне, ако се суди по признанието на британскиот моден дизајнер и активистка за заштита на животната средина, Вивиен Вествуд (76) која тврди дека младешкиот изглед се постигнува со капење само еднаш неделно. Ова им беше откриено на новинарите на Париската модна недела на 25 септември.



Кралица на панк модата прашањето за тајната на младешкиот изглед  го одговори со насмевка: „Немојте пречесто да се бањате.“

Нејзиниот 25 години помлад сопруг Андреас Kронталер искоментира: „ Се капи еднаш недело … Затоа е толку позитивна … и јас се капам само еднаш месечно“.

Вествуд, води  жестока кампања против месната индустрија, која ги осиромашува водните ресурси.