Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.



Протестот ќе започне пред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот: недела да стане неработен ден и минималната плата да биде 18.000 денари.

Во наредниот период, во зависност од резултатите од ССМ велат дека ќе повикаат на Генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.