Американскиот претседател Џо Бајден за медиумите изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин ако Русија изврши инвазија на Украина.
Слична порака за Русија упатија и министрите за надворешни работи на Г7 по состанокот во Ливерпул, пренесе Ројтерс.
„Јасно му дадов до знаење на претседателот Путин дека ако тргне на Украина, економските последици по неговата економија ќе бидат разорни, разорни“, изјави Бајден пред новинарите.
Бајден пред новинарите повтори дека никогаш не станало збор за испраќање американски војници во Украина во случај на руска инвазија, иако САД и НАТО ќе мора да го засилат источното крило на НАТО ((Бугарија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Естонија).
„Ќе мораме да испратиме повеќе американски и НАТО војници во источното крило, во Б9, во сите оние земји на НАТО за кои имаме света обврска да ги заштитиме од каков било руски напад“, рече Бајден.
Бајден во двочасовен разговор со Путин потенцирал дека положбата на Русија во светот значително ќе се промени ако ја нападне Украина.






