Аналитичарот и поранешен министер за финасии Џевдет Хајредини иронично забележува која е „зелената агенда“ на ДУИ
„Со чадот на 3 милиони тони јаглен од Косово, во Македонија ќе се оствари „зелената агенда” на ДУИ, пишува Хајредини по информациите дека министерот за економија, Крешник Бектеши објави дека со Косово се преговара за набавка на јаглен во период од 5 години, но не и по која цена.

Во меѓувреме српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека на „една соседна земја“ ѝ продава струја по 499 евра која Србија ја чини само 52 евра.





