„На покана на Лиз Трас, државна секретарка за надворешни работи на Велика Британија, денес во Лондон Бујар Османи учествува на средбата на министрите за надворешни работи на Западниот Балкан. На средбата е поканет и Стјуарт Пич, специјалниот пратеник на Велика Британија за Западниот Балкан.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА дополнува: „На фотографијата се тројцата албански министри Бујар Османи, Олта Ѓачка и Доника Грвала, шефови на дипломатиите на Македонија, Албанија и Косово. Економскиот развој, соработката и интеграцијата се теми за расправа на средбата.“





