Што ќе менува Бучко откако ги смени деловите на сите бугарски тенкови

Прашањето е која е следната задача на екс премиерот Бучковски откако беше осуден за корупциска набавка на резервни делови за бугарските тенкови.



Според писателот и актерот Сашо Тасевски по промената на тенковските делови сега Бучковски ќе ги менува македонските учебници со делови од бугарската историја.

,,Бучко, пошо ги смени сите бугарски тенковски делови, сега ќе ни менува учебници, од македонски ќе ги прави бугарски.
Чоек не летај, слези на земјината топка.
Еднаш куртули во Струга од народ.
Треба тоа да ти е поука”, пишува Тасевски за објавата на Бучковски дека ќе се менуваат учебниците затоа што Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Во 2004 година за време на референдумот на законот за територијална организација Бучковски за малку се спаси од линч од гневни граѓани кои се противеа Струга да стане доминантно албанска општина а тој го поддржа законот.

https://www.facebook.com/604957179/posts/10159645469897180/