Здружението Достоинство, денеска во Сити Хол Центар, на четворицата починати армиски и полициски генерали, Панде Петровски, Ристо Галевски, Јосип Бошевски и Атанас Јовчески, постхумно им додели признанија за покажана лична храброст, самопрегор и извонредни успеси во организирањето и командувањето со безбедносните сили при одбраната на татковината, Република Македонија, во 2001 година.
На церемонијата, покрај членови на семејствата на четворицата починати генерали, присуствуваа претседателот на Република с. Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, како и поранешни армиски и полициски генерали и други старешини вклучувајки и припадници на редовниот и резервниот армиски и полициски состав, учесници во одбраната на Република Македонија во 2001 година.
Зошто ни се случи воениот конфликт од 2001та, против кој се боревме, кој е одговорен? Ова се само дел од прашањата на кои и 20 години подоцна бранители немаат одговори. Затоа Здружението Достоинство планира да ангажираат историчари кои научно ќе ги документираат настаните од пред две децении во кои загинаа околу 70 македонски бранители а стотици претрпеа повреди.







