Бугарски пасош во Албанија се продава за 15-20.000 евра

Бугарските пасоши се профитабилен бизнис кој е проширен не само во областите каде живеат Македонци, туку и во други градови во Албанија, вели лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стeрјовски.



„Еден бугарски пасош сега чини од 15 до 20 илјади евра. Има Албанци, не Македонци, кои плаќаат од 15 до 20 илјади евра. Затоа Ви кажав дека како бизнис е поисплатлив од садењето хашиш. Чини и до 20 илјади евра, еден бугарски пасош за Албанци по нацоналност. Зборувам за албански државјани кои живеат во Албанија, а не во Бугарија, рече Стерјовски.

Стерјовски, како пратеник во минатиот состав на албанскиот Парламент, беше прв пратеник Македонец кој јавно се декларира како Македонец.

Тој во гостување во емисијата „Конак“ на телевизија СОТ7 зборуваше за „напорите на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија“.

Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација. Оваa бугарска политика на терен последните години се одвива со молчење на Албанија, во повеќе наврати и со нејзина помош, се со цел, Албанија да не биде попречена од страна на Бугарија за да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, рече Стерјовски, пренесува Либертас