Хрватска доби „Зелено светло“ за присоединување кон Шенген зоната

Хрватска е подготвена да се приклучи на Шенген зоната, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон по постигнатиот консензус на министрите за внатрешни работи на ЕУ.



Не е јасно кога земјата ќе се приклучи на зоната, која овозможува неограничено движење на луѓето преку националните граници. Европската комисија претходно препорача вклучување на Хрватска во Шенген во октомври 2019 година.

Еден од главните проблеми што го попречува пристапот на Хрватска во Шенген е нејзиниот однос кон мигрантите, забележува Ројтерс. Во октомври властите во Загреб признаа дека полицијата на границата на Хрватска со Босна насилно ги враќала мигрантите во Босна и им го ускратила правото на мигрантите да бараат азил во ЕУ.

Шенген зоната вклучува 26 земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ги Норвешка и Швајцарија.

Бугарија и Романија, кои ѝ се приклучија на ЕУ во 2007 година, шест и пол години пред Хрватска, се сметаа дека се подготвени да се приклучат на Шенген зоната во 2012 година, но ниту една страна не постигна напредок во оваа насока поради отпорот на разни други земји-членки на ЕУ, пишува Њуз.бг.