Хрватска од 1 јануари 2023 преминува на евра

Хрватската влада го одреди 1 јануари 2023 година како датум кога Хрватска треба да биде подготвена за влез во еврозоната, а објавувањето на официјалната одлука за влез на Хрватска во еврозоната се очекува кон средината на следната година.



„Оттогаш Хрватска практично влегува во завршна фаза и мораме да ја забрзаме целата оваа работа бидејќи ни претстои многу работа“, рече министерот за финасии Здравко Мариќ, потсетувајќи дека ќе биде потребно да се повлече речиси една милијарда и сто милиони метални куни и банкноти од 500 милиони куни.

Според него, од август следната година преку законот за еврото ќе се регулира обврската за двојно изразување на цените (во евра и куни), што е еден од начините за ублажување на притисоците врз инфлацијата.

„На 1 јануари 2023 година преку ноќ преминуваме на еврото и двојната циркулација ќе трае уште две недели, граѓаните ќе можат да плаќаат во куни, а потоа само во евра. Периодот на двојно прикажување на цените ќе трае во најмалку една година“, рече министерот Мариќ.