Македонската фудбалска репрезентација е на собир за 9. натпревар од квалификациите за СП во Русија. Тој е в петок во Торино од 18 часот и доаѓа по неколкуте наши подобри изданија и освоени бодови во групата Г. Затоа и размислуваме да им се реваншираме на Аѕурите за поразот од 3-2 во првиот круг кога во Скопје загубивме во последните моменти (Имобиле ни даде гол во 92 минута).
„Во Скопје одигравме добар натпревар против Италија и мислам дека можеме да одиграме уште еден таков“ вели денеска селекторот Игор Ангеловски потенцирајќи дека не чека меч со тактички најзрелата селекција на светот.
Во нашиот национален фудбалски тим има само една измена. Бобан Николов е повреден и не доаѓа на тренинзите што започнуваат попладнево во Скопје, на негово место пристига Адис Јаховиќ, а денеска ќе дознат и Алиовски, Ристовски и Димитриевски.
Што се однесува до Италијанците, тие се без носителите Верати и Де Роси за мечот со нас.
По гостувањето кај Италија, Македонија ќе има уште еден дуел за крај на овие квалификации, а тој е предвиден за 9 октомври кога во Струмица ќа го дочекаме Лихтенштајн.





