Дипломат тврди дека Бугарија не е единствената сопка за старт на преговори

Бугарскиот дипломат Милен Керемедчиев вели дека одвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ би требало да открие и други кочничари кои не ги сакаат овие две држави во европското семејство.



Тој вели дека двете земји се различни во својата подготвеност и дека е логично да бидат одвоени во процесот, но смета дека тоа ќе се случи. Спомена дека таков бил случајот и со Бугарија и Романија.

„Сметам дека е правилен последниот став на Бугарија за разделување на Албанија и Република Македонија, бидејќи така ќе се види дека и Албанија всушност има проблеми за започнување на преговорите за членство, кои произлегуваат од други западноевропски држави, како Холандија и Франција, кои имаат стравови од брз прием на Албанија во ЕУ. Така повеќе ќе се види и дека Бугарија не е основната сопка и пречка за членство на двете држави во ЕУ“, вели Керемедчиев за радио Фокус.

Бугарија останува на ставот за вето. Позициите не се променети во однос на Македонија.