Радев му се пожалил на Мицотакис за надворешен притисок врз Бугарија за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил телефонски разговор со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во кој една од темите била и Македонија.



„Европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес и на Бугарија, и на регионот, но потребна е политичка волја за решавање на отворените прашања во отворен двостран дијалог меѓу Софија и Скопје, а не преку постојани напори за вршење надворешен притисок врз нашата земја. Само така во ЕУ нема да бидат внесени нерешени проблеми, ќе бидат заштитени европските вредности и ќе се отвори патот на нашиот југозападен сосед за неговата целосна европска интеграција“, му рекол Радев на Мицотакис, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.