Медиуми беа оневозможени да следат настан кој на социјалните мрежи беше најавен како Јавна расправа за законот за легализација на канабис, објави „Слободен печат“.
Настанот беше најавен точно на пладне во амфитеатар на Медицинскиот факултет, но организаторките одбија да ја почнат расправата додека не излезат екипите на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.
Во неколку наврати организаторите им се обратија на медиумските претставници со закана дека ќе сносат последици доколку излезат снимки или фотографии од “јавната расправа”. Организаторката дури и телефонски повикуваше обезбедување.
Организаторите побараа и представници на невладииниот сектор да присуствуваат на „јавната расправа“







