Има ли тајна врска: Заминување на Заев и формирање на епархија на МПЦ во Ј. Америка

Во вчерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа беше поставено прашање дали е коинциденција ако во ист период се случуваат навидум неповрзани работи: повлекување на Заев од челна позиција во СДСМ и владата како и предлог на еден владика на МПЦ кој иницирал формирање на епархија на Македонската православна црква Охридска архиепископија во Јужна Америка?



Прашањата кои новинарот Момироски ги постави во завиена фирма на Твитер добија повеќе детали поради кои се поставува прашањето дали следниве теми се коинциденција:

1. Зоран Заев се повлекува од премиер и лидер на СДСМ

2. Дедо Наум иницира отварање епархија во Јужна Америка – Аргентина

3. Павле Трајанов “тестира” дали при промена на власт, Мицкоски ќе го апси Заев

Делот од емисијата каде Момироски ги поставува дел од овие прашања.

На прашањата на Момироски гостинот Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ги одговори со интересна историска приказна.

Целата емисија

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/4987623677938676/