Високиот суд во Велика Британија го одобри барањето на американските власти за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Денешната одлука претставува голем удар на напорите на ко-основачот на Викиликс да ја спречи екстрадицијата во САД за да се соочи со обвиненија за шпионажа, иако опциите за жалба остануваат отворени за неговиот правен тим, јави Гардијан.
Според светските медиуми, ова ја отвора вратата за Асанж да биде суден на американско тло за шпионажа.







