Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери добија девојче, јавува Би-Би-Си.
Џонсон и неговата сопруга се венчаа во мај оваа година. Тие го имаат и синот Вилфред, кој е роден во април 2020 година.
Тукушто роденото девојче е седмо дете за Борис Џонсон, кој има четири деца од неговата поранешна сопруга Марина Вилер, како и дете родено во 2009 година како резултат на афера со уметничката консултант Хелен Мекинтајр.






