71,1 отсто од Бугарите сметаат дека најважно е решавањето на односите на Бугарија со Република Северна Македонија, а не дали Скопје ќе стане членка на Европската Унија.
Ова го покажува истражувањето на Gallup International Balkan, спроведено меѓу 25 ноември и 3 декември меѓу 803 возрасни Бугари.
Со спротивно мислење се 7,5%, додека останатите 21,4% се двоумат.
Во однос на ветото што Бугарија го наметна за влезот на Северна Македонија во ЕУ во летото 2021 година, 70 отсто од испитаниците се со став дека во спорот со Скопје најдобро е Бугарија да не го укине ветото. 19,3% го мислат спротивното, а една десетина се двоумат, пренесуваат бугарски медиуми.
Споредбата на социолошката агенција со ноември минатата година, кога повторно беше поставено прашањето, покажува дека е паднат уделот на оние кои се двоумат.
Една година претходно, 5,8 отсто рекле дека најважно е Македонија да стане членка на ЕУ, дури и ако нејзините односи со Бугарија не се целосно решени, а 57,9 отсто рекле дека најважно е решавањето на односите меѓу двете земји.
Сепак, над 1/3 од испитаниците (36,3%) се двоумат помеѓу двете опции. Сега уделот на колебливите е многу помал.






