Бурната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, кулминираше синоќа со тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Пратеникот од Бурса од редовите на ЦХП му се обрати на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и го праша за Сезгин Баран Коркмаз, бизнисмен кој моментално е во затвор во Австрија, кој се соочува со бројни обвиненија во Турција и САД, вклучително и перење пари, поткуп и измама.
Шефот на пратеничката група на ЦХП, Еркан Ајдин, го праша Сојлу: Зошто се качивте во авионот на Сезгин Баран Коркмаз? Вашата слика е објавена. Рековте дека нема друг авион. Ќе му кажеве на претседателот“. Како одговор на ова, како што пренесува Б92, министерот Сојлу рече: Вие лажете, вие сте измамник. На тоа Ајдин „му вратил“, па Сојлу уште повеќе се налути.
Интервенирајќи меѓу двајцата, заменик-претседателот на парламентарната група на ЦХП и потпретседател на ЦХП, Вели Агбаба, се обиде да ги смири страстите.
Но, во расправата се вклучија повеќе пратеници. По острата вербална расправа пратениците станаа – најпрво дојде до меѓусебно пцуење на пратениците, по што следеше тепачка со тупаници.






