„Иднината на младината во Македонија ќе остане мрачна сѐ додека нивната диплома се заменува со партиска книшка.“; „Запоставувањето на стручноста и кадровската политика, што ја води оваа Влада, нејзината негрижа за просперитетот и животот на младите луѓе во Македонија, доаѓаат до толкав степен, што тие млади луѓе ја полнат се повеќе статистиката на невработените.“ – велат интервјуираните млади луѓе од Кичево во репортажата на ТВ 21, реализирана во овој град во врска со загрижувачката состојба околу невработеноста во нивната животна средина.
На својот интернет – портал ТВ 21го пренесува тектуалниот запис од оваа видео репортажа: „Според податоците на Заводот за вработување, во Кичево на работа чекаат 3.281 лица, од кои 320 се со завршен факултет. Има и 32 магистри и еден доктор на науки! Во оваа општина има граѓани со завршено високо образование, дури и со постдипломски студии, но сепак или работат нешто надвор од нивната струка и област, или не работат воопшто ништо!“
„Младите со завршен факултет или магистратура работат сосема друга работа од нивната професија. Тие се загрижени и истакнуваат дека политиката е виновна за ваквата состојба, оти политиката ја донесе Македонија до оваа состојба! Интервјуираните млади луѓе велат: ‘Способностите и квалификациите не доаѓаат до израз, туку политичката определба, за да се дојде до вработување.’; ‘Тешко е да си невработен, но да бидеш невработен, а да имаш завршено факултет, е двојно потешко, бидејќи си навреден интелектуално и запоставен професионално.“
„Заклучно со октомври годинава, во Заводот за вработување се регистрирани 134.2019 невработени граѓани во Македонија.“






