ТВ 21: Во Слупчане и по 19 години не е изграден споменикот на УЧК – Македонија нема закон за УЧК

„Во кумановското село Слупчане се гради ‘Лапидариум на УЧК’ – споменик на загинатите борци на УЧК: 19 години се очекува тој да биде изграден, но не се знае кога ќе биде завршена неговата изградба“ – објави ТВ 21 во својата репортажа.

ТВ 21 пишува: „На 28 ноември, овој споменик ќе биде завршен.’ – вака изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети во Слупчане на 20 – годишнината на војната од 2001 година. Дваесет и осми ноември помина, но споменикот се уште не е завршен. Моментно се работи, но жителите на Слупчане велат дека изградбата требаше да заврши порано бидејќи тоа е ветено пред 19 години. ‘Македонија нема Закон за ОНА и затоа немаше правна основа гробиштата на УЧК да имаат меморијален комплекс. Имаме многу проблеми, за да го направиме. Потребни се и инвестиции.’- истакна Сеад Рамадани.“

„Од општина Липково за ТВ21 рекоа дека работните активности почнаа годинава, но не кажаа точно кога ќе завршат. Објаснуваат дека за да дојде до почеток на изградбата било потребно многу време за подготовка на техничката документација, побарана од државните институции. Велат дека наскоро овој проект ќе стане реалност.“

Информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ минатата година во мај имаше напишано: „Во Слупчане во 2001 година се водеа најжестоките битки меѓу борците на УЧК и македонската полиција и армија. Затоа е многу голем револтот, поради тоа што не се гради Лапидариумот за албанските маченици. ‘Голем срам е за Али Ахмети и неговите луѓе, што 18 години не се изградува Лапидариумот. Ги оставија семејствата на мачениците во заборав.’ – рече Лиман Лимани, инвалид на војната. За време на повеќемесечните борби со македонската полиција и армија само во Слупчане загинаа 30 маченици – борци на УЧК. Многу други останаа ранети.“