Денеска во Македонија се слави како верски и државен празник Свети Климент Охридски, а споменикот спроти Соборниот храм во Скопје веќе една година стои со одлепени плочки од постаментот, вклучувајќи ја и таа со името на великанот.
Споменикот сместен во средишниот дел на истоимениот булевар е поставен во 2010 година во чест на првиот македонски епископ и просветител.






