Европскиот првак не се шегува за што доказ е третата победа во низа во новата сезона во Лигата на шампиони остварена против Загреб со 28-21. Гостите во Скопје се заканија само на стартот кога направија три разлика, но брзо, веќе до крајот на првото полувреме работите дојдоа на свое место, па Вардар имаше 13-10.



Уште тогаш се виде дека ни следува нова победа во групата А од ЛШ, која во вторитте 30 минути воопшто и не беше под знак прашање. Најефикасни во победничкиот тим беа Македа и Борозан со по четири постигнати гола, а Штербик забележа 13 одбрани. Вардар со оваа победа се зацврсти на лидерската позиција, а следен противник му е ПИК Сегед на 7 октомври.

Покрај Вардар максимален ефект во ЛШ до сега имаат и Веспрем во групата Б, Горење, во Ц и Монпеље во составот Д.