„Амир Локи, сопругот на сестрата на сопругата на Бујар Османи, или поинаку кажано, баџанак на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во ноември 2020 година бил вработен во Министерството за надворешни работи, каде што министер е Османи.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфо.магазин“ во својата вест со наслов „(Документи) Бујар Османи го згрижил удобно својот баџанак во Министерството за надворешни работи – плата 500 евра“. Кон веста е објавена и фотографија на документот за вработувањето на Локи во МНР.
„Инфо.магазин“ пишува „Неговата месечна плата е 30.000 денари месечно (500 евра).“
„Не се знае дали баџанакот на Бујар Османи е префрлен од друга институција, или е вработен за првпат, во Министерството за надворешни работи.“





