Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов со својот прв гол во Лигата на шампионите му донесе реми 1:1 на Шериф Тираспол против Шахтјор Донецк во Киев.
Играчот за врска влезе во игра на стартот од второто полувреме, а погоди за гостите од Молдавија во третата минута од судиското надополнување на времето.
Тимот на Николов, кој во својот дебитантски настап во ЛШ сензационално славеше кај Реал Мадрид, со 7 бода заврши трет во групата Д и ќе продолжи во Лига Европа.






