„Незадоволството на Либерално – демократската партија, Движењето за обнова на Македонија и Демократскиот сојуз со нивните четворица пратеници, поради договорот Заев – Гаши за влегување на Алтернатива во Владата, може повторно да го врати соодносот меѓу власта и опозицијата од 60:60 пратеници. Но, има ли Заев во рака плус двајца „џокер“ – пратеници, или, велејќи го тоа, блефира колку да ја смири напнатоста кај овие мали партии?“ – прашува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Четири плус, четири минус! Дали можат Либерално – демократската партија, Движењето за обнова на Македонија и Демократскиот сојуз да ги расипат повторно владините математики?“
„Журнал“ пишува: „Со потпишувањето на коалицискиот договор меѓу се уште актуелниот премиер Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши бројките на пратениците се поместија во корист на Владата. Од изедначената позиција 60:60 сега бројките отидоа во сооднос 64:56 во корист на власта. Власта долго време не успеваше да ја ужива оваа ‘предност’ во однос на опозицијата, бидејќи лидерот на Либерално-демократската партија Горан Милевски им го расипа ќефот, барајќи со строг тон отчет од премиерот Заев какви разговори се воделе со Алтернатива. Остриот тон го искажа јасното незадоволство поради позициите, кои и се дадени на Алтернатива како услов за нејзино влегување во Владата. Тоа е тон, кој ја поставува дилема: дали можеби ‘градејќи една куќа’ со Алтернатива, Заев ‘растури друга куќа’ со Либерално – демократската партија и Движење за обнова на Македонија, кои имаат заедно тројца пратеници?“
„Имајќи предвид дека овие партии дејствуваат во координација со Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, кој има еден пратеник (тој не пројавил се уште никаква забелешка кон договорот Заев – Гаши), тогаш можеме кажеме дека има три незадоволни партии со четворица пратеници, што може повторно да го врати односот власт – опозиција на соодносот 60 : 60 пратеници. Како одговор на оваа дилема можеме да го земеме одговорот на премиерот Заев дека мнозинството може да се зголеми не само на 64, туку на 66 пратеници. Во таков случај, четворицата пратеници на трите споменати партии не можат да го загрозат мнозинството, дури и ако евентуално нивниот револт стигне до точка на раскинување на партнерството со СДСМ, како последица на договорот Гаши-Заев.“
„Но, прашањето што се наметнува е: дали Заев навистина има во рака плус двајца „џокер“ – пратеници, или е тоа блеф за смирување на напнатоста кај малите партии, кои се во коалиција со СДСМ? Ако Заев навистина има двајца заменици во резерва, кои можат да бидат тие? Има ли се уште шанси Движењето Беса да се премисли и да се врати во Владата, со двајцата пратеници Басри Бајрами и Фадил Зендели? Или можеби новото мнозинство, кое најверојатно ќе го предводи Димитар Ковачевски, ќе здобие некој кој било пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Останува да се види што ќе се случува и како ќе се случува, но, секако, политичката сцена и натаму останува турбулентна и поинтересна за новинарите и медиумите, но и за јавноста, повеќе отколку што беше пред изборите.“ – вели на крајот од својата анализа „Журнал“





