Таравари: Скапо ќе не чини предавството на Реџепи, кој ја купува и ја продава судбината на луѓето

„Преку објава на општествената мрежа фејсбук генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари потсети на чинот на предавство, што го извршил Есат Паша Топтани, споредувајќи го како сличен со неодамнешната постапка на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.

Инаку, Есат паша Топтани (1863 – 1920) се споменува во историографијата на Албанија како војник на османлиската војска, албански пратеник во турскиот Меџлис (Парламент), раководител на Округот на Скадар и како премиер на Албанија.

„Според Таравари, скапо ќе не чини низ вековите денешниот Есат, алудирајќи на пратеникот Реџепи, кој ја продава и ја купува судбината на луѓето.“ – пишува „ин7“ и ја пренесува објавата на Таравари:
„Историските хроники покажуваат дека Есат-паша Топтани ја продавал неколку пати судбината на Албанија, предизвикувајќи незамисливи последици, кои се јасни и денес по изминат повеќе од еден век. Затоа, мора да имаме на ум дека секој денешен Есат, кој продава и ја купува судбина на луѓето, скапо ќе не чини низ вековите!“

„Потсетуваме на моментот кога опозицијата собра 61 потпис за уривање На Владата на СДСМ-ДУИ и кога пратеникот Кастриот Реџепи ја изневери опозицијата со тоа што не учествуваше во Собранието да гласа за соборување на Владата. Ликот на Есат-паша Топтан им е познат на сите Албанци како искусен предавник, кој бил убиен од патриотот Авни Рустеми.“ – додава „ин7“.