Лекари во Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД пријавиле сомнеж дека нивни пациенти починале после вакцинација против ковид во земјава, потврди раководителката во МАЛМЕД Меријем Хаџихамза на брифинг со новинарите.
И двете пријави се доставени во различен временски период. За првиот пациент на 53-годишна возраст пријавата била доставена во април, а за вториот, кој бил на возраст од 85 години, на 30 септември, пренесе „Слободен пачат“
Според податоците кои ги сподели Хаџихамза, првиот, 53-годишен пациент бил вакциниран со вакцината на „Фајзер“, а вториот со „Астра Зенека“.
За едниот од вакцинираните за кои е пријавен сомнеж дека починале како последица на вакцината, пријавата е доставена две недели по имунизацијата.
Во двата случаи пријавиле докторите во системот за фармаковигиланца во МАЛМЕД.







