Информативниот портал на албански јазик објави вест, во која се наврати на претходните опозиционерски истапувања на Африм Гаши, лидерот на сега владината партија Алтернатива, против коалицирањето со Демократската унија за интеграција.
„Гласачите потсетуваат на изјавите на Гаши: Никогаш коалиција со ДУИ!“ – пишува „ин7“, потсетувајќи и на следната изјава на Гаши од времето кога беа опозиционери тој и неговата Алтернатива:
„Гаши: Каков интерес имам да му правам бројки на Заев?“





