Професорката Мирјана Најчевска реагира на новите партиско-персонални промени во идната „македонска“ влада по приклучувањето на „Алтернатива“ на парламентарното мнозинство и функциите што ќе ги доби со преминувањето на 4-те пратеници кон владејачката коалиција.
„Мислам дека е време Охридскиот рамковен договор да се примени и во однос на македонското мнозинство во Македонија.Во актуелниот состав на Владата од 20 членови на Владата 12 се Македонци (што е помалку од процентот на Македонци во вкупното население) – https://vlada.mk/sostav-na-vladata
Со промените кои се навестуваат соодносот ќе биде 11 – 9.
Се извинувам ама ако зборуваме за правична застапеност, време е навистина да има правична застапеност.
Да повторам, за Македонија се потребни 7 министерства со 7 министри.Не како назначени во сечењето на колачот, тортата, бурекот, како и да си ја замислуваат државата, туку како кадар кој е способен да ја управува државата“, пишува Најчесвка.







