Што сакаше владата да постигне со замрзнување на цените ?

„Се разбира, да го ублажи ценовниот шок, првенствено на прехранбените производи, кои земаат голем процент од приходите на оној броен посиромашен слој на населението. И, секако, да го амортизира инфлаторниот удар, кој практично ја јаде супстанцата однатре. Проектираната инфлаторна стапка на Народна банка од 2,2 проценти за оваа година, веќе е коригирана на 3,9 проценти, а упатените велат дека веќе сега овој процент извесно е поголем“, пишува новинарот Ѕездан Георгијевски за „Призма’.



„Сепак, се чини, дека не треба човек да биде Џон Кенет Галбрајт, па уште на прв поглед да сфати дека изнудениот потег на замрзнување на цените на пет основни продукти (леб, брашно, зејтин, млеко и месо) и на некои нивни деривати (сирење, урда, сувомесни производи) – не навестува ништо арно.

Колку и да звучи убаво за увото на просечниот потрошувач, оваа одлука на подолг рок, не само што не е добра, туку е и штетна!

Впрочем, и историски гледано, секој обид за вакво, декретско, регулирање на пазарот, секогаш бил вовед во сериозна економска криза. Повозрасните читатели веројатно се сеќаваат дека дури и во социјализмот, ваквите потези секогаш завршуваа со голем недостиг од стока за широка потрошувачка и воопшто со голема економска несигурност.

Колумната на следниот ЛИНК