„Празни џебови“: Бендот на Гаши пред да влезе во политика

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, пред да влезе во политика имал музичка кариера како лидер на музичка група со назив „Празни џебови“.



Неговиот бенд кој го основал како средношколец, сe викал токму „Празни џебови“ и Гаши тоа кредо го прифатил и во политиката, односно објасни дека тој и неговите сопартијци не се тука за полнење на своите џебови туку да го штитат општиот интерес и граѓаните.

Гаши го објави ова откако во новата владата се договори да добие три министерски места, три заменички, потпретседателско во Cобранието и над 40 раководни и заменички позиции во државни и јавни институции, при официјалното пристапување во владата, објави „Слободен печат“.