Фактор: Дали по Стојко од СДСМ за пркос настрада и Куштрим од ДУИ

Зошто ДУИ го даде директорското место МЕПСО, анализира порталот Фактор во свој текст за една од позициите што има еден од најголемит буџети во администрацијата а Алтернатива ја доби со влез во Владата.



“Конкретен одговор на ова прашање нема. Веројатно ќе нема. Актуелниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани во компанијата дојде пред една година. Дојде како професионалец со искуство во Регулаторна комисија за енергетика. Во јавноста ќе остане запаметен по тоа што беше единствен кој прв и отворено кажуваше дека ЕСМ не произведува доволно електрична енергија и дека стравува за количината на домашно производство во иднина затоа што нема доволно јаглен, а нема ниту вода во хидроцентралите.

Всушност Рамадани беше и првиот функционер кој отворено јавно кажуваше дека приватните снабдувачи и ЕСМ му направија долг на МЕПСО од 18 милиони евра за превземена електрична енергија од регионалната мрежа.

Дали пркосот на Стојко му пресуди и на Куштрим?”, прашува Фактор во својата анализа.

Предходно затоа што се спротистави остави на премиерот Заев и владата околу приемот на ,,рамковни” инспектори беше сменет Стојко Пауновски, највлијателниот член на СДСМ во Полог.