Ковачевски во друштво на Зечевиќ ја претстави својата програма

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, од скопски Карпош почна со средбите со членството на кои ќе ја презентира својата програма.



На настанот беше присутен и поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, кој минатата недела изјави дека размислува и самиот да се кандидира за лидерската позиција, но потоа рече дека се откажал од идејата.

„Резултатот на локалните избори ни покажа дека мора да ги менуваме работите. Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените“, напиша Ковачевски на Фејсбук.