Се моли министерот за правда да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети – прашува на Фејсбук-професорот по кривично право Гордан Калајџиев по договорот меѓу премиерот Зоран Заев и Африм Гаши, да има меѓународна истрага за неколку завршени судски случаи за кои двајцата оцениле дека „има политичка импликација“.
Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани вчера изјави дека Заев и Гаши се договориле Владата да побара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу…
Денеска беше појаснето дека Владата ќе испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание.





